Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДСM, ДУИ, Таравари гласно славеа победа, а сега никаде ги нема да понесат одговорност за скандалот во Гостивар

Коалицијата на СДСM, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коалицијата на СДСM, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДСM-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот.

Подобриот живот и услови за гостиварци станаа најголемата изборна лага и празно слово на хартија, зошто локалната гостиварска владејачка коалиција граѓаните ги оставија без елементарниот услов за живот, чиста и безбедна вода за пиење.

Реклама

Коалицијата СДСM, ДУИ и Таравари беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност.

Затоа прашуваме, зошто доцни и немавме брза реакција на локалните служби и дали СДСM, ДУИ и Таравари сметаат дека овој скандал ќе помине неказнето и без понесување на никаква одговорност?

Од друга страна, лицемерно е однесувањето на СДСM за овој сериозен случај, затоа што на чело на партијата го имаат Венко Филипче кому, како министер за здравство, во модуларната во Тетово живи му изгореа 14 лица, а за време на Ковид периодот се случи најголемиот погром во државата, каде илјадници сограѓани ги загубија животите.

ВМРО-ДПМНЕ очекува целосно расветлување на скандалот во Гостивар и одговорност за тоа што над илјада наши сограѓани, поради труење од несовесното раководење на општинските институции, завршија во болница.