Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Второ продолжение на надзорната расправа за спроведување на законите и институционалните мерки за превенција од семејното насилство

Вo Собранието денеска Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вo Собранието денеска Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе го одржи второто продолжение на надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа искази ќе дадат и ќе одговораат на прашања од присутните – Верица Делева, координатор на социјални услуги на град Скопје, Ленче Илиевска, в.д. директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Крива Паланка, Наташа Котева, в.д. директор на ЈУ Меѓуопштинаски центар за социјална работа Струмица, Данче Коцевска, в.д. директор на ЈУ Центар за социјална работа Валандово.

Надзорната расправа ќе се одржи во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието во 10 часот.