Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

На ГП “Дојран” за излез кон Грција се чека до 30 минути, на грчка страна до еден час, на „Богородица“ од земјава излегле близу 22 000 патници

Викенд метеж на граничниот премин “Дојран” е евидентиран денеска уште од раните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Викенд метеж на граничниот премин “Дојран” е евидентиран денеска уште од раните утрински часови, потврдуваат одговорните од преминот, а за зголемена фреквенција на возила на истата граница за излез кон Грција, информираат и од Авто мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ велат дека времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На граничниот премин, за МИА потврдија дека колони од возила има од утрото, а сега полека метежот се намалува.

– Имавме неколкукилометарска колона, која сега е намалена. На македонска страна се чека од 20 до 30 минути, но на грчка страна застојот е двојно поголем. Најголема бројка на возила имаме во раните утрински часови, а истото го очекуваме и по 18 часот кога луѓето обично се враќаат. Од досегашното искуство вакви гужви имаме за време на викендите, особено во неделите, и на рамните дати – 20 јули, 30 јули, 10 август, а секако има и за 1 август. Тогаш се прават смени во аранжманите и затоа овие дати се критични, велат од ГП “Дојран”.

Реклама


Според податоците од Министерството за внатрешни работи, зголемена фреквенција е забележана и на ГП “Богородица” каде од вчера до денес на пладне излез од државата оствариле 6100 македонски државјани, а влегле 2022 македонски државјани. Во истиот период бројката на странски државјани кои ја напуштиле Македонија изнесува 15 871 лице, а влегле 7878 патници.

На ГП Табановце, како што информираат од МВР од вчера до денес на пладне влегле 17 448 странски државјани, а државата ја напуштиле 14 872 лица, додека македонски државјани евидентирани на влез во државата се 9958, а на излез 3174.

-Од страна на МВР во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, согласно задолжитенжлните гранични проверки, велат надлежните.

Освен на дојранскиот граничен премин и на ГП “Табановце” каде времето на чекање за влез во државата, според информацијата од АМСМ, е околу 20 минути, на останатите гранични премини од македонска страна не се забележани подолги задржувања за влез и излез од државата. рш/вг/