Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

Лидерот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска од трибината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска од трибината во Тетово порача дека ЗНАМ влегол во власта со јасна цел – да биде реформатор, но и коректор кога ќе биде потребно и оти ќе ги бранат принципите на коишто стојат.

Во своето обраќање Димитриевски нагласил дека ЗНАМ на политичката сцена влегол со јасна определба да биде носител на промени и да придонесе кон
создавање држава со ред, систем и еднакви можности за сите граѓани.

-Не влеговме во политиката за да бидеме продолжена рака на некого, туку за да изградиме политички субјект кој ќе се бори за држава со ред, систем и одговорност. Европска Македонија е Македонија во која граѓаните имаат доверба во институциите, младите гледаат иднина дома, а одлуките се носат според принципи, а не според интереси. ЗНАМ не е проект на еден човек, туку движење на луѓе кои веруваат дека Македонија може и мора да биде подобра држава, истакнал Димитриевски.

Реклама

Тој порачал дека учеството на ЗНАМ во власта е водено од одговорноста да се спроведуваат реформи, но и да се укажува секогаш кога е потребно, со цел заштита на државните интереси и принципите на кои почива движењето.

Како што соопштија од партијата, во рамки на панел-дискусијата, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, ги претставил реформските процеси во јавната администрација и досегашните активности за изградба на професионални и функционални институции.

Потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, пак, се осврнал на мерките за поддршка на земјоделците, развојот на домашното производство и рамномерниот регионален развој, како основа за посилна и поконкурентна македонска економија.