Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги

Крушево доби Центар за услуги преку кој граѓаните ќе можат полесно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крушево доби Центар за услуги преку кој граѓаните ќе можат полесно да пристапуваат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење, соопшти денеска Министерството за дигитална трансформација.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираа новиот Центар за услуги во Крушево, кој е шеснаесетти ваков центар во мрежата на Министерството.

Според Министерството, со отворањето на Центарот се овозможува подостапен пристап до дигиталните услуги за жителите на Крушево и околните населени места, при што граѓаните ќе можат да добијат непосредна поддршка за користење на електронските услуги.

Реклама

-Ова е 16. ваков центар на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните ќе добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги. Со отворањето на Центарот во Крушево директно ги отстрануваме бариерите поврзани со возраста, дигиталната писменост и местото на живеење, со што ги доближуваме услугите до секој граѓанин – изјави Андоновски.

Градоначалникот Чонески истакна дека Центарот ќе придонесе за поедноставен пристап на жителите до јавните услуги што се достапни по електронски пат.

Од Министерството за дигитална трансформација наведуваат дека ќе продолжат со проширување на мрежата на центри за услуги со цел придобивките од дигитализацијата да бидат достапни за граѓаните во сите делови од државата.