Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски во Анкара на средба со турскиот колега Кадир Озкаја

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја, на која во фокусот на средбата биле разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство.

Како што соопштуваат од Уставниот суд, на средбата била потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда преку интензивирање на меѓусебната комуникација, размена на добри практики и организирање идни заеднички активности од заемен интерес.

-Посебен акцент беше ставен на претстојните активности во рамките на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF), како и на можностите за понатамошна меѓународна афирмација на Форумот во пресрет на европските и светските конгреси на уставните судови. Претседателот Костадиновски го запозна претседателот Озкаја со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд на Македонија, како и со активностите што Судот ги презема за унапредување на транспарентноста, отвореноста кон јавноста и справувањето со дезинформациите, лажните вести и манипулациите поврзани со неговата работа, се наведува во соопштението.

Реклама

Воедно, се додава, претседателот Костадиновски изразил благодарност до Уставниот суд на Република Турција и до Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за континуираната поддршка што ја обезбедуваат за Уставниот суд на Република Северна Македонија.

-Уставните судови, преку заемна соработка и размена на искуства, придонесуваат кон јакнењето на владеењето на правото, независноста на уставното судство и заштитата на уставните вредности. Искрено ја цениме подготвеноста на Уставниот суд на Република Турција за натамошно продлабочување на нашите односи и заедничко дејствување во рамките на меѓународните уставносудски иницијативи. Истовремено, за нас е особено значајно што имаме искрен партнер кој ја поддржува модернизацијата, транспарентноста и институционалниот развој на Уставниот суд – изјавил претседателот на Уставниот суд, Костадиновски.

Средбата е дел од континуираните активности на Уставниот суд насочени кон зајакнување на меѓународната институционална соработка, унапредување на билатералните односи со сродните институции и афирмација на улогата на Уставниот суд на Македонија на меѓународен план, се наведува во соопштението.