Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција, стои во партиското соопштение.

Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. Сегашниот доживотен мандат не обезбедува доволна одговорност, ниту пак ја зајакнува довербата на граѓаните во судскиот систем.

Исто така, ДС смета дека е неопходна промена на Уставот со која судиите ќе можат да подлежат на кривична одговорност за донесена судска одлука кога таа претставува резултат на злоупотреба на судиската функција, корупција или намерно кршење на законот. Независноста на судството не смее да биде злоупотребена како заштита од одговорност.

Реклама

Во однос на финансирањето на судството, Демократски сојуз потсетува дека Македонија располага со ограничени буџетски средства. Платите и надоместоците на судиите треба да бидат во согласност со реалните можности на државниот буџет и со потребите за финансирање на другите важни јавни функции. Самостојниот судски буџет и независноста во финансирањето не значат оправдување за енормно високи плати, ниту за злоупотреба на прекувремена работа, дневници и различни бонуси.

Граѓаните очекуваат судството конечно да испорачува правда, а не арбитрарни условни казни за бизнис и политички моќници. Законот мора да важи еднакво за сите, а сторителите на тешки кривични дела и висока корупција да добиваат санкции што одговараат на тежината на делата.

Демократскиот сојуз очекува и Јавното обвинителство значително да ги засили истрагите, особено во предметите поврзани со високата корупција и организираниот криминал, и конечно да испорачува резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Демократскиот сојуз останува доследен на ставот дека без темелни и храбри реформи во судството нема владеење на правото, нема успешна борба против корупцијата и нема вистински напредок на Македонија кон членство во Европската Унија.