Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Крводарителна акција „Дарувај крв, спаси живот” во Бигорски манастир

– Во Бигорски манастир денеска  ќе биде спроведена крводарителна акција “Дарувај крв,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Бигорски манастир денеска  ќе биде спроведена крводарителна акција “Дарувај крв, спаси живот”. 
 
-Во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија го отвораме нашето манастирско семејство за сите што сакаат да направат едно мало, но бесценето дело – да подарат живот. Една капка крв може да значи живот за некого, а љубовта што ја вложувате во ова дело е дар кој го радува и самото небо, рече архимандрит Кирил.  
 
Екипата ќе биде сместена во една од просториите на манастирскиот комплекс од 11 до 15 часот, а сите дарителите треба задолжително да понесат со себе документ за лична идентификација.


 -Нека овој неделен ден биде осветлен од топлината на нашите отворени срца и нека добриот Бог им возврати со Својата благодат на сите што ја даруваат драгоцената течност, што живот значи, посака архимандрит Кирил за акцијата која се спроведува со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот. 
 
Прва ваква активност, во овој наш познат манастир, беше реализирана во ноември, минатата година.