Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Гаши на изложбата „Сведочи“ на познатиот уметник Енгин Узун: Уметничката фотографија е сведоштво на времето, на сеќавањето и на човечкиот дух

Претседателот на Собранието Африм Гаши, присуствуваше на отворањето на фотографската изложба „Сведочи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши, присуствуваше на отворањето на фотографската изложба „Сведочи – 30 години патување низ фотографијата“ на познатиот уметник Енгин Узун, организирана во Куршумли-ан во Скопје.

Во своето поздравно обраќање, уметникот Енгин Узун, кој потекнува од Скопје, им се заблагодари на присутните за учеството, споделувајќи ги своите емоции по повод оваа изложба, која опфаќа три децении од неговото уметничко творештво.

Тој изразил посебна благодарност до претседателот на Собранието, како и до турските партнери во Македонија, за поддршката дадена за реализацијата на оваа изложба.

Реклама

Во своето обраќање, претседателот Гаши го оценил долгогодишното творештво на авторот, нагласувајќи дека уметничката фотографија е сведоштво на времето, на сеќавањето и на човечкиот дух, притоа истакнувајќи ја важноста од поддршката на уметноста и културата како вредности што го збогатуваат општеството.

-Идејата за оваа изложба се роди во Истанбул, во април оваа година, на денот кога имав чест и привилегија да го запознаам мајсторот Енгин не само како уметник, туку и како човек. Таму ја видов неговата страст кон работата, длабочината на неговата мисла, неговиот духовен и уметнички пристап, како и топлината на неговото ателје. Во време кога правиме илјадници фотографии со нашите телефони и ги забораваме по неколку секунди, уметници како мајсторот Енгин ни ја покажуваат разликата меѓу една фотографија и вистинско уметничко дело. Меѓу една слика и едно сведоштво, посочил Гаши. 

Како што стои во соопштението, на настанот присуствувале и турскиот амбасадор Фатих Улусој, министерот за култура, Седат Сулејмани, министерот за правда, Јетон Шасивари, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, како и бројни личности од културниот, институционалниот и јавниот живот во земјава.