Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Делчево, Македонска Каменица и Рикалдоне потпишаа договор за соработка со акцент на воведување на македонскиот јазик во Пиемонт

Делчево, Македонска Каменица и италијанската општина Рикалдоне потпишаа трилатерален договор за соработка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчево, Македонска Каменица и италијанската општина Рикалдоне потпишаа трилатерален договор за соработка, со што се отвораат нови можности за партнерство во повеќе области, со посебен акцент на зачувувањето на македонскиот јазик и култура преку воведување на македонскиот јазик во образовниот процес во регионот Пиемонт.

Договорот беше потпишан во Рикалдоне, Италија, од страна на градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, и градоначалничката на Рикалдоне, Лаура Грациела Бруна, во присуство на генералниот конзул во Венеција, Фросина Ременски.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека договорот претставува значаен исчекор во градењето цврсти меѓународни партнерства и отвора нови перспективи за соработка во образованието, културата, економскиот развој, туризмот и размената на добри практики.

Реклама

Посебно ја нагласи важноста на иницијативата за воведување на македонскиот јазик во образовниот процес во регионот Пиемонт, оценувајќи дека станува збор за силна порака за грижата кон македонската заедница во Италија и значаен придонес во зачувувањето на македонскиот јазик, култура и национален идентитет кај помладите генерации.

Гоцевски посочи дека општина Делчево останува посветена на развивање меѓународни партнерства кои ќе донесат конкретни придобивки за граѓаните, преку реализација на заеднички проекти, размена на искуства и поголемо искористување на европските фондови.

Градоначалничката Стаменкова, оцени дека договорот не претставува само формален чин, туку обврска за создавање конкретни проекти и резултати во интерес на граѓаните на трите општини.

Таа изрази задоволство што иницијативата за воведување на македонскиот јазик во образовниот процес во Пиемонт добила поддршка, оценувајќи ја како значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет меѓу младите Македонци кои живеат во Италија.

Според потписниците, трилатералната соработка ќе биде насочена кон реализација на заеднички активности во образованието, културата, младинските политики, туризмот, економскиот развој и европските проекти, со цел унапредување на локалниот развој и зајакнување на врските меѓу трите општини.