Состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар сѐ уште останува нерешена. Резултатите од анализите на Агенцијата за храна и ветеринарство се јасни: водата од водоводната мрежа е привремено забранета за консумирање, како за пиење, така и за употреба во угостителството, пишува во денешното соопштение.
Поради тоа, по наше барање и со поддршка на советниците на ВЛЕН во Град Скопје, обезбедивме цистерна со вода за пиење за жителите на Гостивар.
Цистерната ќе биде поставена на паркингот кај Домот на културата, во близина на Џамијата во Нова Маала.

Ќе продолжиме да бидеме покрај нашите граѓани и да обезбедуваме конкретна помош, додека максимално се ангажираме оваа состојба да се надмине што е можно побрзо.
До тогаш, ги повикуваме сите граѓани да не ја користат водата од водоводот за пиење, да ги почитуваат препораките на надлежните институции и максимално да се грижат за своето и здравјето на своите семејства.
Воедно, ве информираме дека во Општата болница во Гостивар ситуацијата е под контрола. Сите одделенија функционираат, а медицинскиот персонал е во целосна подготвеност 24 часа дневно да им пружи помош на сите граѓани.
И во наредните денови ќе продолжиме да обезбедуваме цистерни со вода за пиење од други општини, сѐ додека снабдувањето со безбедна вода не се нормализира. Здравјето на граѓаните останува наш највисок приоритет.
