Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе пари, се додека не почне да испорачува, независноста не се обезбедува со пари, туку со работа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за правосудството, изјави дека судството нема да добие повеќе пари се додека не почне да испорачува, а негова работа, посочи, како премиер е да критикува се додека не види напредок во испораката на правдата.

-Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако се бара и во Законот за јавно обвинителство да се стави сума од 0,5 проценти од буџетот. Нема да добијат затоа што не ги заслужиле. Затоа што очекуваме дека правдата ќе ја донесат. Она коешто ние го овозможивме со овие измени е фактот дека сè што побараа во делот на вработувања, самостојност и така натаму, сè добија. Едноставно, пари повеќе нема. Ако некој мисли дека на овој начин ќе врши притисок врз Владата, нема тоа Владата да го прифати. Бидејќи независноста со пари не се обезбедува, туку се обезбедува со работа. Со работа, а не со допишување на работни саати и така натаму, дежурства и проценти, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Дебрца.

​Тој појасни дека извештајот е редовен извештај што го објавува ЕК за сите земји членки, а последните три години е и за дел од кандидатите. Станува збор за 2023, 24-та и 25-та година. Од кандидатите се анализирани четири земји, тоа се Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија. Вели дека во него има пофалби, констатирани политики коишто испорачуваат, но и критики.

Реклама

-Во него е констатиран притисок од страна на политичари кон судството. Кога зборуваме судството, мислиме и на обвинителството и на судството. Тоа е едно. ​Второ – имаме исто така констатиран факт дека требало повеќе пари да има за обвинителите и судиите. И трето – е критика за самите обвинители и судии, што е контрадикторно на втората забелешка. Така што, контрадикторни се тие два заклучока. Од една страна велат судскиот систем не испорачува, од друга страна Владата да даде повеќе пари. Тие две работи едно со друго не одат. Или ќе почнат да испорачуваат, па да добијат, или нема да добијат. Ете, вака накратко, тоа е мојот коментар, нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека ќе продолжи јавно да ги повикува судиите и обвинителите да испорачаат правда, а граѓаните, вели, се самите се тие коишто констатираат дека немаме испорака на задоволително ниво од страна на правосудниот систем и тоа е општо позната констатација.

-Јас ќе продолжам во таа насока да испраќам пораки. Со сета политичка одговорност и ризик коишто ги имам, да, ќе продолжам сè додека не видиме напредок во испораката на правдата, нагласи Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Дебрца.