Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Манасиевски: СДСМ, Левица и ДУИ имаат политика на противење, го одбија и Изборниот законик што самите го создаваа

СДСМ, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека нивната единствена политика е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека нивната единствена политика е политиката на блокади, пишува во денешното соопштение од прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Со месеци седеа на работни средби, предлагаа измени, бараа корекции и нивните барања беа прифаќани. Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор.

Тоа најдобро покажува дека проблемот никогаш не бил Изборниот законик. Проблемот е што СДСМ, Левица и ДУИ не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија.

Реклама

Со тоа признаа дека не се борат за подобар Изборен законик. Се борат против секое решение што значи напредок и успех за државата. За нив е поважно да создадат политичка криза отколку Македонија да исполни уште една реформска обврска.

Граѓаните одамна ја препознаа таа политика. Политика без идеи, без решенија и без одговорност. Политика која знае само да кочи, да блокира и да работи против интересите на државата.

Затоа, граѓаните на следните избори, одредени партии ќе ги испратат во историјата.