Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Јубилеј за „Локум фест“ – 20 години промоција на етно-музиката и културниот туризам

Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ годинава одбележува 20…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ годинава одбележува 20 години постоење, во текот на кои на неговите сцени настапиле околу 120 ансамбли и музичари од 25 држави, промовирајќи ја музиката како мост меѓу културното наследство и туризмот.

Тодор Ивановски, основач и програмски директор на Балканскиот етно фјужн фестивал Локум Фест, музика и традиција, вели дека основната цел на фестивалот е преку музика да се промовира недвижното културно наследство и културниот туризам на градот и државата.

-Годинава одбележуваме голем јубилеј, 20 години во континуитет го „возиме нашето дете“, нашиот фестивал сеќевајќи се на почетоците на 2007 година кога во Старата битолска чаршија. Почнавме скромно, но многу прецизно и јасно за тоа што сакавме да постигнеме. На првото фестивалско издание учествуваа групите „Монистра“, „Баклава“, „Чалгија саунд систем“, „Стринг форсис“ како најрелевантни во тоа што значи етно, етно амбиент и етнофјужн. Во изминатите 19 години на публиката и испорачавме околу 120 ансамбли од 25 држави. Во Битола гостуваа најрелевантните од Македонија, тука беа Влатко Стефановски, Драган Даутовски и Ратко Даутовски, Тони Черкези, Тони Китановски, Сваровски ансамбл, „Кочани оркестар“, Јаков Дренковски…, а последниот свој концерт во Битола на Локум фест го одржа Вања Лазарова. Ние сме релевантни затоа што ги избираме најдобрите, оние кои што ја негуваат староградската чалгија и друга музика што поврзува- потсети Ивановски.

Реклама

Балканскиот етно фестивал Локум фест соработува со фестивали во светот, членува во фестивалски асоцијации и предизвикува интерес во медиумите.

-Во 2008 година имавме соработка со Копенхаген чалгија систем, релевантни за Данска, Шведска и цела Скандинавија, а на светски фестивал во Копнехаген ги однесовме членовите на групата Баклава. Партнери сме на данскиот фестивал „Резонатор“ во Оденс, членови сме на Ромската федерација на фестивали, потоа балканската и европската федерација на фестивали и тоа значи меѓународна потврда на концептот на Локум фест. Нашиот фестивал се одржува на локации од отворен карактер со културно историско значење, а тоа е многу важно бидејќи на тој начин даваме акцент на недвижното културното наследство, а преку традиционалниот Саем на Здружението на уметници и ракотворци, ги промовираме македонските ракотворби. Нашите промо-материјали секогаш содржат артефакти, фотографии или пораки кои се однесуваат на културното наследство. Всушност, ние преку музиката ги поврзуваме културното наследство и културниот туризам и токму затоа за Локум фест се интересираат многу новински агенции од странство, телевизиски куќи од Грција, Данска, а на 24 јули во Битола ќе престојува и тв-екипа од Чешка. Секако несомнено голема е поддршката и од македонската новинска агенција МИА која го следи нашиот фестивал промотор на градот и на државата- нагласи Ивановски.

Фестивалската програма продолжува вечерва во Старата битолска чаршија со настап на ансамблот „Скопје Виа“, а утревечер ќе настапи сараевската група „Диванхана“, позната по интерпретациите на севдах. Завршната вечер ќе биде резервирана за етно-проектот „Кафе де Анатолија“ со Били Естебан и Александар Јовевски.