Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, со познатиот албански пејач Или Лимани го посети новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде што се запознале со текот на изградбата на еден од најголемите инвестициски проекти во високото образование на албански јазик во државата.
Како што соопштија попладнево од Општина Чаир, за време на посетата се разговарало за значењето на вложувањето во образованието, создавањето можности за младите и улогата што уметноста, културата и образованието ја имаат во градењето на едно поразвиено општество.

– Инвестирањето во знаење е најважната инвестиција за иднината. Ми претставува особено задоволство што успешни уметници како Или Лимани се блиску до младите и претставуваат позитивен пример преку својот труд, талент и посветеност – се нагласува во пишаната изјава на Меџити.

На крајот од средбата, Меџити му посакал успешен концерт во Скопје и понатамошни успеси во неговата музичка кариера.
