Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Општина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во Кадино

Над 100 домаќинства во Кадино ќе добијат можност за приклучување на канализациската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 100 домаќинства во Кадино ќе добијат можност за приклучување на канализациската мрежа преку новиот препумпен уред за фекална канализација чија изградба веќе започна, соопштуваат од Општина Илинден.

Проектот е дел од пошироката реализација на фекалната канализациона мрежа во Кадино.

– Препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се овозможува приклучување на приближно 100 домаќинства – стои во соопштението.

Реклама

Според планираното, преку новиот препумпен уред ќе биде опфатена канализационата мрежа од улиците „1“, „2“ и „3“. Отпадните води ќе се транспортираат преку веќе поставениот потисен цевковод до постојната пречистителна станица во Кадино, каде што ќе се врши нивно прочистување и третман.

Од локалната самоуправа информираат дека увид во тековните градежни активности извршил градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакнал дека инвестициите во канализационата инфраструктура се од особена важност за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, но и за заштита на животната средина преку современо и ефикасно управување со отпадните води.