Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека се преземени активности за заокружување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека се преземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-даночни услуги (Е-ППД) кај граѓаните што имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена.

По извршените проверки во системот е-даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на Управата за јавни приходи преку електронската пошта [email protected] се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување.

– Доколку сте дел од овие граѓани, ве повикуваме да се обратите до надлежната канцеларија на Управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да ви ја одобри регистрацијата. Зошто е важно да имате валиден и активен кориснички профил во системот е-даночни услуги? – Ви овозможува користење услуги преку порталот за електронски услуги – https://uslugi.gov.mk/, ви овозможува увид во податоците од вашата годишна даночна пријава за данок на личен доход – ДЛД-ГДП, ви овозможува остварување права како од надлежност на Управата за јавни приходи – издавање уверение за остварен доход, така и од други институции – Управата за јавни приходи доставува податоци до други институции, кои одлучуваат за остварување на правата на граѓаните. Овие податоци може да бидат одлучувачки за остварување на вашите права, ви овозможува користење право утврдено со Законот за враќање дел од данокот на додадената вредност на физички лица – за да скенирате фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ,“ потребно е да имате кориснички профил во системот е-даночни услуги (Е-ППД) – наведува УЈП.

Реклама

Даночните обврзници што имаат потреба од дополнителни информации може да се обратат на електронската адреса [email protected] или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).