Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Андоновски: Македонија почнува со изградба на Национален дата центар – најважна дигитална инфраструктура за следните децении

Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот. Владата почнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар – најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

– Донесовме одлука заради визијата и решеноста на премиерот и во моментов работиме на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар – истакна Андоновски во гостување на една од националните телевизии.

Министерот појасни дека дата центарот не претставува само објект во кој се сместени сервери, туку клучна државна инфраструктура врз која ќе се темели дигиталниот развој на земјата.

Реклама

-Ако патиштата ги поврзуваат градовите, дата центарот ги поврзува институциите. Наместо секоја институција да има свои серверски простории со различно ниво на безбедност, државата ќе има едно современо, високо заштитено и енергетски ефикасно место од каде ќе се обезбедуваат дигиталните услуги во наредните 20 до 30 години – нагласи тој.

Андоновски информираше дека веќе е изработена физибилити студија која потврдува дека проектот е технички и финансиски изводлив. Според визијата на Министерството, Македонија треба да добие современ Tier III Национален дата центар, кој ќе биде основа за воспоставување на владин облак, заштита на државните податоци, развој на системи базирани на вештачка интелигенција и испорака на нова генерација дигитални јавни услуги.

Според Андоновски, дата центрите претставуваат стратешката инфраструктура на 21 век.

– Без дата центри нема дигитална држава, нема вештачка интелигенција, нема сајбер безбедност и нема сигурни електронски услуги. Со овој проект ја поставуваме основата врз која ќе се гради дигиталната Македонија во следните децении – истакна Андоновски.