Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово

Општина Берово со соопштение до јавноста информира дека вечерва ќе се реализира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Берово со соопштение до јавноста информира дека вечерва ќе се реализира втората фаза од превентивната систематска теристичка дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци како дел од мерките за заштита на населението од заразни болести.

Според соопштението, третирањето ќе се врши во периодот од 21 часот на 16 јули до 5 часот на 17 јули, а активностите ќе ги спроведуваат екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово и Скопје.

Дезинсекцијата ќе се изведува со специјализирана апаратура поставена на моторно возило, при што ќе се користи инсектицидниот препарат AQUA K-OTHRINE, со активна супстанција делтаметрин, одобрен за ваков вид третман.

Реклама

Со третирањето ќе бидат опфатени зелените јавни површини, подрачјата по должината на реките и водотеците, околината на каналската мрежа, локалитетите со застојни водни површини, урбаните населби, како и другите локации предвидени со планот и програмата за дезинсекција на територијата на општина Берово.

Од Општината препорачуваат граѓаните за време на третирањето да не се задржуваат на отворен простор, да ги затворат прозорците и, доколку е можно, да ги заштитат или отстранат храната и предметите што се изложени на отворено.

Воедно, упатен е апел и до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелните семејства во согласност со важечките препораки за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Од локалната самоуправа посочуваат дека доколку временските услови бидат неповолни, односно во случај на дожд, силен ветер или други временски непогоди, активностите ќе бидат одложени и реализирани во првиот нареден ден кога ќе се создадат услови за нивно безбедно и ефикасно спроведување.

Општина Берово апелира до граѓаните за разбирање и соработка истакнувајќи дека мерката има цел намалување на ризикот од појава и ширење заразни болести што се пренесуваат преку комарци.