Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Црвениот крст и ОВР Кочани со совети за заштита од топлотниот бран

Општинската организација на Црвениот крст – Кочани, во соработка со Одделението за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинската организација на Црвениот крст – Кочани, во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани, денеска спроведе превентивни активности за заштита на населението од последиците од високите температури.

На кружниот тек кај Полициската станица и на Градскиот пазар во Кочани, волонтери на Црвениот крст делеа едукативни флаери со препораки и совети за граѓаните како да се заштитат за време на топлотниот бран.

Од Црвениот крст потсетуваат дека во најтоплиот дел од денот, од 10 до 17 часот, треба да се избегнуваат напорни физички активности и подолго изложување на сонце. Се препорачува редовно внесување течности, избегнување мрсна и калорична храна, како и носење лесна и светла облека, заштитни очила и капа.

Реклама

Граѓаните беа информирани и дека при појава на симптоми како зашеметеност, слабост, вознемиреност, интензивна жед или главоболка, треба веднаш да побараат помош, да се засолнат на поладно место и да пијат вода .