Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Македонија

Нормализирано водоснабдувањето во Делчево по санирањето на дефектот на главната водоводна линија

По речиси 24 часа интензивна работа, дефектот на главната водоводна линија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси 24 часа интензивна работа, дефектот на главната водоводна линија во Делчево е целосно саниран, а водоснабдувањето во целост е нормализирано, информираа од Општина Делчево.

Градоначалникот Иван Гоцевски, кој ја следеше интервенцијата при инсталацијата на новиот дел во главната шахта, изрази благодарност до стручните екипи на ЈКП „Брегалница“ за успешно завршената санација.

– Стануваше збор за сериозен дефект на главниот доводен цевковод, чие отстранување бараше максимална ангажираност и стручност. Благодарност до екипите на ЈКП „Брегалница“, кои за само 24 часа успеаја да го санираат дефектот и да го заменат раздвојниот елемент во главната шахта, како и до ТППЕ Делчево, волонтерите на Црвениот крст и општествено одговорните компании што помогнаа во снабдувањето на граѓаните со вода, изјави Гоцевски.

Реклама

Тој најави дека за вработените кои учествуваа во отстранувањето на дефектот ќе биде иницирана постапка за доделување награда, која ќе им биде врачена по повод одбележувањето на Денот на градот – 7 Септември.

Во меѓувреме, Советот на Општина Делчево на денешната седница донесе одлука за користење 300.000 денари од тековната буџетска резерва за набавка на флаширана вода за жителите на општината, поради прекинот на водоснабдувањето предизвикан од пукањето на главната водоводна цевка.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево за 2026 година, а градоначалникот, согласно одлуката, ќе поднесе Годишен извештај за нивното користење.