Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи при  Царинската управа спречи обид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи при  Царинската управа спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото.

Како што соопшти Царинската управа, против возачот е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, а вијалите се запленети.

Станува збор за косовски државјанин, вработен како возач во транспортна компанија од Косово, кој превезувал алуминиумски профили на релација Турција – Косово. Возилото било запрено за контрола од мобилен тим на граничниот премин Деве Баир.

Реклама

Откако возачот изјавил дека нема ништо за пријавување освен декларираната стока, царинските службеници извршиле детална контрола поради сомневање.

При прегледот биле пронајдени вкупно 2.000 вијали, спакувани во папки и кеси, без оригинално пакување. Медицинските препарати биле сокриени на повеќе места во кабината – во горниот кревет, во фабричка шуплина, над возачкото седиште, како и во личниот багаж сместен во долниот кревет.

Од Царинската управа посочуваат дека со оваа акција се спречило небезбедни медицински препарати да стигнат до граѓаните, нагласувајќи дека ваквите производи подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани услови за чување и транспорт.

Станува збор за медицинскиот раствор „Гадонанс 7,5 мл“, кој се користи како контрастно средство при магнетна резонанца и се аплицира венски.

Од Царинската управа апелираат дека секој обид за криумчарење на лекови и медицински препарати ќе биде најстрого санкциониран.

Годинава Царинска управа спречила 13 обиди за криумчарење и заплени вкупно 29 илјади парчиња лекови и медицински препарати.