Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии 

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.

На Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка.

Реклама

На Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка

Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е  Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, по скратена постапка.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, сите по скратена постапка.