Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Општина Карбинци ќе субвенционира набавка на пелети за огрев и полагање возачки испит

Две нови субвенции, за набавка на пелети за огрев за домаќинствата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две нови субвенции, за набавка на пелети за огрев за домаќинствата и за полагање возачки испит,  ќе бидат воведени во следниот период во општина Карбинци. Градоначалникот на Карбинци,  Виктор Паунов на денешната прес-конференција  истакна дека на овие мерки се работело еден месец, а предвидено е да бидат објавени во текот на септември. Тој потенцираше дека за набавката на пелети субвенционирањето ќе биде во висина околу 12.000 денари, а субвенционирањето за полагање возачки испит 10.000 денари по лице. 

-Ја информираме јавноста дека општина Карбинци воведува неколку новитети кои што се во интерес на граѓаните на жителите на општина Карбинци. Имено, се работи за две нови субвенции кои што во следниот период ќе бидат имплементирани во општина Карбинци. Едната од нив е субвенционирање за набавка на пелети за огрев за домаќинствата. Ова е мерка која што подолго време ја размислувавме, ја ветивме во Програмата и ќе биде предмет на имплементација во следниот период. Се планира некаде месец септември да биде објавен овој повик, а она што ќе биде вклучено во повикот ќе бидат објавени претходно документите за истото. Општината работи месец дена на оваа мерка, ќе се работи за субвенционирање некаде од висина од 20% или не повеќе од 12 000 денари по домаќинство што сметаме дека навистина е од голема помош и поддршка за граѓаните оваа мерка-рече Паунов 

Паунов додаде дека втората мерка за  полагањето возачки испит, се планира да биде воведена во периодот од следната година. Во оваа мерка, како што вели, ќе бидат опфатени младите, на возраст од 18 до 25 години. 

Реклама

– Онаа втора мерка која што сакам денес да ја најавам, а ќе биде имплементирана во периодот од 2027 година, исто така суштински важна за целна група, еве младите од општина Карбинци ќе биде субвенционирање за полагање на возачки испит. Ќе бидат опфатени младите луѓе од возраста од 18 до 25 години, а она што е важно е дека Општината го субвенционира трошокот за полагање возачки испит Б категорија во висина од 10 000 денари по лице, кое исто така очекувам дека еве со оваа мерка ќе можеме да помогнеме пред се на домашниот буџет на секое лице кое што ќе ја користи. Но, од друга страна и ќе стимулираме секое едно младо лице се стекне со возачка дозвола и да се намали бројот на возачи коишто управуваат моторно возило без претходно соодветни документи – додаде Паунов.

Градоначалникот Паунов смета дека двете мерки се од голема помош и поддршка за граѓаните на општина Карбинци и за домашниот буџет, како и за стимулирање на младите, при тоа стекнување на возачка дозвола и намалување на бројот на возачи без соодветни документи.