Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Обвинителство бара конфискување на стан и шест автомобили поврзани со осомничениот Александар Лазаров

Јавното обвинителство информира дека Александар Лазаров, кој беше во бегство откако избега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство информира дека Александар Лазаров, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е испратен на издржување притворска мерка, а јавен обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за привремено одземање на движен и недвижен имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност – еден стан и вкупно шест автомобили.

Основното јавно обвинителство Кочани, како што информираат од Обвинителство, на 10 јули годинава донел Наредба за спроведување истражна постапка, која покрај овој осомничен опфаќа уште едно лице, а се однесува на кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, кое го сториле како соизвршители. 

Истрагата, како што информираат, е поведена затоа што кај осомничените, при претрес во автомобил, биле пронајдени осум грама наркотична дрога – кокаин. 

Реклама

Освен тоа, јавниот обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за определување привремена мерка за обезбедување – привремено одземање на движен и недвижен имот согласно член 202 од Законот за кривичната постапка, односно имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност. 

-Од преземените дејствија до овој момент постои сомнение дека еден стан и вкупно шест автомобили, од кои дел биле запишани на други лица, фактички се наоѓаат во владение и на располагање на осомничениот. Овој имот не кореспондира со неговите законски приходи, што го потврдува сомнението дека истиот претставува имот стекнат со криминална активност или имот кој служи за прикривање на незаконски стекната имотна корист – информираат од Обвинителство.

По претходно добиени оперативни информации полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги, вчера 41-годишниот Лазаров, е приведен во Полициската станица Кисела Вода. По предлог на јавниот обвинител, истиот ден на лицето му била определена мерка притвор, додека по лишувањето од слобода, јавниот обвинител денеска бил известен и лицето веднаш е испратено на издржување на притворската мерка.