Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) – пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности

Во кумановската касарна „Боро Менков“, денеска, се одржа свечена церемонија на испраќањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во кумановската касарна „Боро Менков“, денеска, се одржа свечена церемонија на испраќањето на бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG). Македонија и Куманово шест години беа домаќини на Командата на оваа бригада која ќе се пресели во Република Турција. На свеченоста пред бројните гости, министерот за одбрана Владо Мисајловски кажа дека денеска завршува успешно поглавје за Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG).

-Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството и стекнати нови трајни пријателства. Тоа е SEEBRIG! Еден од најуспешните примери за регионална одбранбена соработка, изградена врз вредностите кои сите ние ги споделуваме – меѓусебна доверба, партнерство, солидарност и заедничка одговорност за мирот, стабилноста и безбедноста на Југоисточна Европа-рече министерот.

Тој додаде дека SEEBRIG од основањето покажал дека државите можат да градат доверба и да работат заедно и е потврда дека соработката не е само политичка определба, туку практичен и ефикасен инструмент за зајакнување на колективната безбедност.

Реклама

-Денеска кога се соочуваме со сè посложени, понепредвидливи и меѓусебно поврзани безбедносни предизвици и закани кои не познаваат национални граници, ваквата соработка е поважна од кога било. Тоа бара координација, подготвеност и заеднички пристап. Во тој контекст, SEEBRIG останува важна платформа за дијалог, меѓусебно разбирање и практична соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа-рече Мисајловски.

Тој нагласи дека присуството на Командата во Куманово ја покажува јасната и цврста определба за регионална соработка, колективна безбедност и почитување на принципите врз кои е основана SEEBRIG.

-Во текот на овој изминат период уште еднаш покажавме дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер, подготвен да преземе одговорност и конкретно да придонесе за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност-рече Мисајловски.

Во говорот, министерот за одбрана додаде дека секој припадник на Командата професионално и посветено градел односи засновани на почит и соработка и го нагласи придонесот на кумановци кои изминативе години беа одлични домаќини.

-Иако, денес се простуваме од командата на SEEBRIG во Куманово, нашата соработка продолжува од нејзината нова локација во Истанбул, Република Турција. Нашиот придонес кон активностите на Бригадата продолжува, затоа што овој регионален проект е од огромно значење за сите нас, за зајакнување на соработката и пред сè за стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа-рече Мисајловски.

Бригадниот генерал Билбил Битри во говорот рече дека постигнувањата на SEEBRIG, не биле возможни без поддршката на Владата, Министерството, Генералштабот, локалната самоуправа и самите граѓани. Обраќајќи им се на претставниците на бригадата, тој кажа дека имаат право да бидат горди на постигнувањата изминатиов период во Куманово. Тој додаде дека е зајакната мултинационалната интероперабилност, подобрената е регионалната воена соработка. Во говорот рече дека се развиени професионалните односи помеѓу земјите учеснички и пријателството.

-Иако, штабот може да се премести, пријателствата и партнерствата воспоставени во текот на овие шест години ќе траат-рече Битри.

Пред присутните се обрати и претседавачот на СЕДМ Секретаријатот, амбасадорот Елефтериос Ангелопулос кој кажа дека СИБРИГ останува едно од највидливите и најопипливите достигнувања на процесот СЕДМ и е пример за посветеноста на практична воена соработка.

-Во текот на своето присуство во Куманово, Бригадата одржуваше високо ниво на подготвеност, ја подобри интероперабилноста меѓу земјите учеснички и продолжи да ги зајакнува своите оперативни способности. Преку вежби, планирачки активности и мултинационална соработка, СИБРИГ постојано ја демонстрираше својата релевантност и вредност како инструмент за регионална соработка-рече Ангелопулос.

Тој повика на заедничко градење мостови, зајакната соработка, креирање иновативни решенија за справување со предизвиците, заедничка соработка заснована доверба и меѓусебна почит.

На свечената церемонија присуствува бројни гости претставници на Министерството за одбрана, на Генералштабот, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници од повеќе земји меѓу кои и од регионот, локални власти и локалната заедница.

Претставниците на СЕЕБРИГ постојано беа присутни во Куманово и имаа средби со граѓани, донираа за болницата, училиштата, градинките, установите.

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како Договор за мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија и на Турција. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини покрај Куманово, биле и Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса.