Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена

Судот донесе пресуда која е во согласност со правдата и сè она…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот донесе пресуда која е во согласност со правдата и сè она што претставува очекување на граѓаните во однос на измислените случаи „Талир 1“ и „Талир 2“. Oслободителната пресуда на поранешниот премиер Никола Груевски, пак, е последица на законските измени во Кривичниот законик донесени од претходната влада – изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

– ​Мојот став е многу јасен. Во тој период кога ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид агресија од страна на претходната влада, тие измислија случаи што не постојат, како што се „Талир 1“ и „Талир 2“.  Вчера, конечно, судот, што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, донесе пресуда која е соодветна и во согласност на правдата и на сè она што претставува очекување на граѓаните. ​Што се однесува за другиот дел од пресудата и лицето што е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можев да го прочитам од одговорот на Кривичниот совет при Основниот суд, можам да заклучам дека станува збор за последица од измените во Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ – рече Мицкоски на новинарско прашање по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река во општина Сарај. 

Како резултат на тие законски измени, нагласи тој, имало многу политички амнестии, а ќе има многу и во иднина. 

Реклама

– За жал, еднаш кога ќе направите грешка, таа грешка потоа станува правило и ве следи. А што се однесува до политичката партија, најголемата политичка партија во државата – ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека, конечно, правдата е задоволена – додаде Мицкоски.

Основниот кривичен суд Скопје вчера го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“ за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. ​Ваквата ослободителна пресуда, како што беше кажано, е исклучиво резултат на донесување на Законот за изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик во 2023 година, а судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на партијата.