Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Работилница за вештачката интелегенција и филмот на фестивалот „Преку езерото“

Дводневна стручна работилница на тема „Вештачката интелигенција во филмот“ се одржа  во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дводневна стручна работилница на тема „Вештачката интелигенција во филмот“ се одржа  во рамките на годинашното издание на Фестивалот за балкански и медитерански филм „Преку езерото“, во просториите на „ЕУ хаус“ (EU House) во Струмица и во Дојран.

На работилницата се говореше за иднината на кинематографијата под влијание на вештачката интелигенција, како и за трансформацијата на филмските професии. На настанот учествуваа Милош Џукелиќ, филмски продуцент од Србија, Момчило Алексиев, експерт од Бугарија, и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија.

Српскиот продуцент Џукелиќ порача дека филмските креативци не треба да чувствуваат страв од новата технологија, туку треба да ја искористат вештачката интелигенција како моќно орудие во својата работа.

Реклама

– Сигурно ќе се промени состојбата во филмот, многумина ќе ја загубат работата, но победници на овој процес на користење на вештачката интелигенција ќе бидат оние кои ќе успеат да се прилагодат и кои ќе научат да ја користат и како креативно средство, но и како помагало. Тоа е всушност една совршена алатка доколку умееме да ја користиме, но и мошне опасна доколку не умееме. Би ја споредил со огнот кој може да запали нешто, а човекот, пак, кога го открил огнот завладеал со светот – така е и со вештачката интелигенција, изјави Џукелиќ.

Брзиот технолошки напредок носи неизвесност, смета бугарскиот експерт Момчило Алексиев, но според него, филмската уметност дефинитивно ќе опстане, иако со променети процеси на работа.

– Како и секоја нова технологија, и вештачката интелигенција доаѓа со прашањето дали ќе исчезнат некои професии или ќе се појават нови. Од денешен аспект може да се рече дека ќе се променат некои професии и некои процеси на работа. Ова е најточното што може да го кажеме во овој момент, бидејќи условите и технологијата напредуваат толку брзо што е тешко да се претскаже. Јас сум оптимист во поглед на тоа дека киното ќе остане кино и ќе гледаме филмови, макар биле снимени и со вештачка интелигенција. Но, сепак зависи од нас дали ќе финансираме такви процеси, како ќе ги регулираме и на кој начин ќе се пристапува кон неа, истакна Алексиев.

На работилницата се дискутираше и за креативниот потенцијал, етиката, регулацијата и финансирањето на проекти кои користат ВИ алатки, со заклучок дека адаптацијата кон новите технологии е клучна за идниот развој на регионалната кинематографија.

Настанот се реализира со финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа“.