Во село Глумово, Општина Сарај, денеска ќе почне реализацијата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река.
Увид во активностите ќе изврши премиерот Христијан Мицкоски кој ќе биде придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.
Како што информира владината прес-служба, предвидено е Мицкоски да даде изјава за медиуми.
