Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Седница за опозициски прашања во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање.

На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања.

Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување, и двата по скратена постапка, Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. 

Реклама

Исто така, на дневен ред се и неколку предлог-одлуки – Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија, Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Северна Македонија, Предлогот за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца.

На денешната пленарна седница треба да бидат разгледани и Годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Македонија во 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година и ревидирани финансиски извештаи за 2025 година, Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Предлог на одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор и Предлог кандидатот за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.