Во Тетово денеска ќе биде означен почетокот на активностите за изградба на Саат-кулата.
Како што најавува Општина Тетово, на настанот ќе присуствуваат министерот за култура, Седат Сулејмани, градоначалникот Биљал Касами и директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски.
По завршувањето на официјалниот дел се предвидени изјави за медиумите.
