Реклама

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Македонија

Падна случајот „Талир 2“: Зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ по цели осум години се одмрзнува

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во повтореното судење за предметот „Талир 2“, кој се однесуваше на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Политички мотивиран случај со кој требаше да се наштети на партијата, иако таа не беше дел од процесот.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска образложи дека пресудата е директна последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои, иако на прв поглед изгледале минорни, суштински влијаеле врз елементите на кривичното дело. Таа посочи и дека Обвинителството ниту во повторената постапка, ниту во завршниот збор не го приспособило обвинението на законските измени.

Со оглед дека предметот застарува за околу еден месец, дури и евентуална жалба до Апелациониот суд нема да може да ја промени конечната разврска.

Реклама

Со оваа пресуда паѓа политички монтираниот случај против ВМРО-ДПМНЕ, која не ни беше обвинета во процесот, и конечно по осум години ќе може да располага со своето седиште – „Белата палата“, проценето на околу 14 милиони евра, како и со останатиот партиски имот вреден околу два милиони евра, кој беше предмет на постапката и беше под ризик од конфискација.