Реклама

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Македонија

Општина Градско се збратими со Општина Бари од Италија

Општина Градско вчера  официјално потпиша Договор за пријателство и соработка со Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Градско вчера  официјално потпиша Договор за пријателство и соработка со Општина Бари од Република Италија.

Како што напиша на својот фејсбук профил градоначалникот  Киро Нацков, со овој значаен чекор ги поставиле темелите за долгорочно партнерство, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во области од заемен интерес.

– Верувам дека оваа соработка ќе придонесе за нови можности, развој и унапредување на нашите локални заедници, како и за зацврстување на пријателските врски меѓу двете општини.Нека ова партнерство биде успешно и долготрајно, во интерес на сите наши граѓани, порача  Нацков.

Реклама

Бари е деветти град по големина во Италија и главен град на провинцијата Апулија во југоиточна Италија. Бари е познат по своето пристаниште и  како терминал за големи бродови. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Свети Никола бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано привлекуваат верници.