Реклама

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Македонија

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Димовски се сретна со директорот на „ВДЛ Бус Македонија“: Третата фаза од инвестицијата над пет милиони евра

– Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денеска имаше средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денеска имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата „ВДЛ Бус Македонија“. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамки на ТИРЗ Скопје 2.

-Беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија, информира Дирекцијата на ТИРЗ.

Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија.

Реклама

Компанијата во април годинава од „ВДЛ Ван Хоол Македонија“ се преименува во „ВДЛ Бус Македонија“, со што почна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој, со фокус на унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.