Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Почна проектот за гасификација на спортската сала во Куманово

Започна проектот за гасификација на спортската сала во Куманово. Екипите на Јавното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна проектот за гасификација на спортската сала во Куманово. Екипите на Јавното претпријатие „Куманово-гас“ интензивно работат на прекоп и изградба на подземна инсталација за приклучување на спортската сала на природен гас.

-Паралелно се врши и изградба на системот за греење и вентилација во спортската сала. Продолжуваме да ја шириме гасоводната мрежа во Куманово – соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Како што претходно информираше директорот на ЈП „Куманово-Гас“, Марко Митровски, ќе биде инсталирана мерно-регулациска станица и гасен котел со моќност од 900 kw кој ќе обезбеди затоплување на целиот објект.

Реклама

Во тек се градежно-монтажни работи за реконструкција на системот за греење и вентилација во спортската сала во Куманово.

Со проектот финансиран преку владина поддршка за инфраструктурни проекти, треба да се подобрат условите за користење на објектот преку енергетски поефикасно затоплување и подобар квалитет на воздухот. Овој проект опфаќа поставување нова машинска котларница, современ систем за вентилација, вентилациски комори, каналска мрежа и друга машинска опрема.

Реконструкцијата на системот за греење и вентилација е дел од пошироката обнова на спортскиот објект што се реализираше во изминатиот период.