Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот “Талир 2”

Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот “Талир 2”, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. 

Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. 

-Иако беа направени измени на обвинението промени во доказите и фактите изнесени пред судот немаше. Судот цени дека обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетиот Никола Груевски сторил пречекорување на службената должност – изјави Алексовска. 

Реклама

Во оваа ситуација Судот, посочи таа, во целост го прифатил ставот на Апелацискиот суд, а тоа е дека измените на КЗ се во директна корист на обвинетиот. 

-Во оваа прилика, судот ќе истакне дека со секоја пресуда се испраќа одредена порака до поблиската и пошироката јавност. Во конкретниот случај, пораката е следна: ​Ваквата ослободителна пресуда е исклучиво резултат на донесување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во 2023 година, а како директна последица на која што беше и укинувањето на првостепената пресуда во овој предмет, како што тоа го констатира Апелациониот суд Скопје во второстепената одлука во овој предмет. ​Судот ќе истакне дека, и покрај тоа што оваа пресуда е сосема различна од претходно донесената во конкретниот предмет, сепак, анализата и оценката на доказите, утврдените факти и заклучоците изведени од страна на судот останаа непроменети. Така што, при постоење на истите докази, врз основа на кои судот претходно утврди дека е сторено предметното кривично дело со ‘искористување на службената положба и овластување’, цени дека при постоење на истите тие докази, не се докажа надвор од разумно сомневање дека делото е сторено со друг вид на дејствија, односно со ‘пречекорување на овластувањата’ и со ‘неизвршување на службената должност’.
​И како последно, но од најбитно значење за пошироката јавност е дека судот останува конзистентен во одлучувањето, во анализата и оценката на доказите, како и фактите кои произлегуваат од истите, на кои исклучиво ги темели своите одлуки, бидејќи само на тој начин може да се гарантира правото на правна сигурност на граѓаните во чие име судот ги носи своите пресуди – појасни Алексовска.

На објавата во судницата во Основниот кривичен суд Скопје присутни беа адвокатите по службена должност на екс премиерот Никола Груевски, Петар Тимовски и на ВМРО-ДПМНЕ, Кристина Маневска, како и претставникот на партијата, адвокатката Љубица Николовска.

Трошоците за судската постапка паѓаат на Буџетот на државата, а Судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Пресудата е неправосилна и странките имаат право на жалба пред повисоките судови.

Во април годинава, предметот „Талир 2“ го презема обвинителот Кристијан Смилевски од ОЈО Скопје, откако обвинителката Ленче Ристовска си поднесе оставка.

Апелациониот суд Скопје во јануари 2024 година поради измените на Кривичниот законик во делот на кривичното дело од член 353 од КЗ, ја укина првостепената пресуда за случајот „Талир 2“ и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Застареност настапи за делото “злоупотреба на службената положба” на поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, а гонењето продолжи за експремиерот Никола Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ. 

Кривичниот суд на 7 јуни 2022 година, објави првостепена пресуда според која поранешниот премиер во бегство Никола Груевски беше неправосилно осуден на шест години затвор, а поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски доби условна осуда.