Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишна девојка од липковското село Лојане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишна девојка од липковското село Лојане и против две малолетнички кои се сомничат дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти денеска МВР.

Пријавените навредувале и физички нападнале девојче, снимале и ѝ се заканиле да не пријавува.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик-наведуваат од МВР.

Реклама

Пријавените на 13-ти март, годинава околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон.

По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, оти во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо.

Тагови