Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ДЗР: Финансиски, организациски и технички слабости го отежнуваат работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ 

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива во работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за 2024 година, поради утврдени значајни неправилности и слабости во финансиското и оперативното управување.

Ревизорите констатирале дека претпријатието се соочува со високо учество на побарувања со неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк. Од вкупно 189 специјални комунални возила, само 76 се во возна состојба, додека 80 се неисправни, а 33 се хаварисани, што значи дека околу 60 проценти од возниот парк е нефункционален. Просечната старост на возилата е 15 години, што дополнително ја намалува способноста на претпријатието за ефикасно извршување на јавната услуга.

-Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на јавното претпријатие и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Утврдени се слабости во евидентирање на недвижностите и инфраструктурните објекти, не е обезбедено правото на сопственост и не е евидентирана опрема (полуприколки) регистрирани во сопственост на јавното претпријатие, со вредност од 29.048 илјади денари односно 472.325 евра, се наведува во соопштението од ДЗР. 

Реклама

Ревизорите утврдиле дека евидентираната главнина во трговските книги во износ од  223.146 илјади денари е пренесена состојба по делбен биланс од 1992 година, при раздвојувањето на ЈП Комуналец Скопје, кога е формирана ЈП Комунална хигиена-Скопје, но отсуствува соодветна документација и истата не е запишана во Централниот регистар. 

Посебен ризик, според ревизизорите, претставуваат побарувањата од корисниците. Побарувања во вредност од 127,4 милиони денари (2,07 милиони евра) имаат значително намалена или неизвесна наплатливост, поради регистрација на корисници без соодветна верификација и без склучени договори. Вредносно усогласените побарувања достигнуваат 74,52 проценти од вкупните побарувања по основ на комунални услуги.

-Од резервните делови на залиха, 40 отсто се набавени во 2009 година, истите се застарени и без реална употребна вредност, за кои не е извршено вредносно усогласување. Отсуството на соодветно планирање и координација на активностите поврзани со набавката и издавањето на залихите резултира со нерационално трошење на средствата на јавното претпријатие и има негативно влијание врз неговата ликвидност, велат од ДЗР.  

Поради необезбедена согласност на Годишните планови за вработување од страна на основачот, јавното претпријатие во 2024 година, преку приватна агенција за вработување, има ангажирано 354 лица, даватели на услуги, административни службеници и помошно технички персонал и евидентирано расходи во износ од 185.680 илјади денари односно 3.019.187 евра, што укажува на непостојаност на човечките ресурси кои треба да ги извршуваат редовните работни задачи во претпријатието. 

Ревизијата утврдила неправилности во начинот на пресметка на платата на директорот и кај прекувремената работа на административните службеници.  Анализата покажала неповолен однос меѓу приходите и расходите, негативна профитабилност, намалена ликвидност и влошена деловна ефикасност. Просечниот рок за наплата на побарувањата изнесува 140 дена, додека обврските кон добавувачите се плаќаат во просек по 108 дена.

-Поради високото ниво на обврски од 736.948 илјади денари, односно 11.982.894 евра и намалената ликвидност, претпријатието се соочува со доцнење во плаќањата кон добавувачите, што резултира со камати, казни и ризик од блокада на сметките, кои ги продлабочуваат  загубите и ги ограничуваат инвестициите во возен парк, опрема и инфраструктура, што долгорочно ја намалува ефикасноста и ја зголемува зависноста од кредити и субвенции од една страна и ризик за квалитетот, навременоста и континуитетот на давањето на услугите, велат од ДЗР.  

Во извештајот се препорачува изработка и спроведување на стратегија за обнова и модернизација на возниот парк, воспоставување систем за континуирано следење на техничката исправност и економската оправданост на одржувањето, како и преземање мерки за подобрување на финансиското управување, ликвидноста и наплатата на побарувањата.

За надминување на утврдените состојби, Државниот завод за ревизија доставил препораки до надлежните институции и одговорните лица.