Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Мицевски: Реконструкцијата на Владата е нормален, принципиелен и стратешки чекор 

Реконструкцијата на Владата не е знак на слабост ниту, пак, е изнуден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата на Владата не е знак на слабост ниту, пак, е изнуден политички маневар. Напротив, тоа е нормален, принципиелен и стратешки чекор, чекор на освежување на тимот, внесување нова енергија и дополнителна ефикасност во редовите на извршната власт – истакна координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната дебата посветена на реконструкцијата на Владата. 

– Пред нас денес е одлука што ги потврдува одговорноста, зрелоста и динамиката со која оваа Влада и ова мнозинство ја води државата. Оваа реконструкција е чекор напред кон засилување на тој национален интерес, затоа ве повикувам сите да дадеме силна поддршка за новите членови на Владата. Оттука, сакам да упатам една порака и до колегите од опозицијата. Наместо да барате залудни изговори, наместо да креирате лажни вести и да се надевате на неуспех на сопствената држава, само подобро погледнете ги бројките. Соочете се со реалноста дека Македонија се менува на подобро и граѓаните веќе не наседнуваат на вашата црна пропаганда – истакна Мицевски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, нагласи, дава целосна, безрезервна и силна поддршка на политиките на премиерот Христијан Мицкоски и на оваа Влада.

Реклама

–  Секојдневно докажуваме дека државата ја придвижуваме во правилна насока, водени од мудри, долгорочни и стратешки чекори, а не од евтин, дневен популизам. На Македонија ѝ се потребни луѓе што ќе испорачуваат не брзи, туку стабилни, долгорочни резултати. Додека ние нудиме решенија, визија и реформи, од спротивната страна гледаме само безидејност и страв – рече Мицевски. 

Осврнувајќи се на предлозите за нови министри, Мицевски, за Сашо Клековски, кој треба да застане на чело на Министерството за здравство, рече дека како директор на ФЗОМ покажал исклучителни и видливи резултати и кратење на непродуктивните трошоци.

– Човек со огромно искуство во граѓанскиот сектор, менаџер со визија и аналитичар, кој точно ги детектира системските слабости. Уверен сум дека овие добри резултати од Фондот сега ќе ги преточи на повисоко ниво и ќе донесе неопходен ред и суштински реформи и во целокупниот здравствен систем – рече Мицевски. 

За Ѓоко Велковски, кој е предложен за министер за социјална политика, демографија и млади, рече дека неговиот избор е природен континуитет, со оглед на тоа што досега со огромен успех ја извршувал функцијата заменик-министер во ова Министерство.

За новиот министер за правда Јетон Шасивари, истакна дека активно работеле на новиот Деловник во Собранието и дека неговиот правен капацитет ќе биде огромен придонес во реформите на правосудниот систем. 

Изрази поддршка и за другите предлози: Иван Стоилковиќ, Борче Серафимовски, Агон Ферати, Седат Сулејмани и Ерџан Демири со уверување дека доследно ќе ја извршуваат функцијата за која се предложени. 

Според Мицевски, политиките не се мерат со празни зборови, туку со реални бројки и економски показатели што директно влијаат на џебот на граѓаните. 

– Додека минатите влади нè убедуваа дека инфлацијата е увезена и дека ништо не може да се стори, оваа Влада со паметни економски чекори и мерки ја стабилизира состојбата. Инфлацијата за јуни во Македонија изнесува стабилни 3,4 проценти, но она што е посебен и суштински успех на економијата и економските политики е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е спуштена на 2,5 проценти, а кај облеката и обувките на 2,1 проценти. Тоа се ставките што најмногу го допираат секое македонско семејство. Практично, вкупниот процент на годишната инфлација во јуни е вештачки зголемена од растот на цените кај алкохолните пијалаци и тутунот, кои бележат раст од 9,3, како и транспортот од 6,2 проценти – истакна Мицевски. 

Направи споредба на инфлацијата во нашата држава со земјите од регионот и пошироко нагласувајќи дека земјата успешно се справува со економските кризи за што потврда се и официјалните податоци на Меѓународниот монетарен фонд, пренесени преку Евроњуз. 

– Според пресметаниот просечен економски раст, Македонија се позиционира високо на врвот во Европа со проектирани економски раст од 3,3 од 3, од 3 отсто. Дека сме на вистинскиот пат и дека реформите вредуваат со плод, не кажуваме само ние. Тоа се јасни зборови на потврда и од официјален Брисел пред само неколку дена. Еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски тука во Скопје отворено ја пофали Македонија со зборовите: „Се наоѓате меѓу најдобрите изведувачи и ја поздравувам зголемената посветеност на Владата – истакна Мицевски. 

За евроинтеграциите рече дека тие не се празни политички флоскули зад кои се крие неспособност, туку процес што се води со гордост, со зачувано достоинство и со цврсти аргументи.

– Покажавме дека може да се биде и европски ориентиран, но и цврсто на линијата на заштита на македонските национални и државни интереси – рече Мицевски.