Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Јаник Рение, гостин на “Преку езерото”: Ризик е за еден актер да прави нешто што не го чувствува

Белгиска верзија на популарниот Џемс Бонд, вака пред македонската публика беше претставен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Белгиска верзија на популарниот Џемс Бонд, вака пред македонската публика беше претставен ликот на Џон Д. , од страна на актерот Јаник Рение, гостин на овогодинешното издание на Фестивалот за медитерански и балкански филм “Преку езерото”.

Рение кој ја игра главната улога во “Одразот на дијамантот” на режисерите  Елен Кате и Бруно Форцани, кој е белгиски филм од официјалната селекција, на денешната средба со новинари во Дојран, зборуваше за предизвиците да се работи со овие двајца режисери, за својата актерска работа и за очекувањата од односот режисер – актер, за искуството на режирање филм со својот брат, како и за состојбата во белгиската кинематографија.

Како што објасни по вчерашното прикажување на филмот пред македонската публика, приказната со снимањето на овој филм Рение ја започнал со тоа што тој веќе ги познавал режисерите, живеел во Брисел и како млад студент ги сретнал нивните постери, се заинтересирал за нив, бил шокиран од естетиката и целиот свет што тие можат да го создадат во нивните филмови. Почнал да ја следи нивната работа и кога тие го контактирале, бил премногу возбуден, му рекле дека тој ќе биде следниот  Џемс Бонд, на што тој искрено не им поверувал. 

Реклама

– Многу сум благодарен и среќен што сум тука, што зборувам место режисерите за овој филм. Сценариото е како совршен мозаик, дури и јас кога го читав првпат се изгубив, но филмот треба да се погледне, барем двапати, за да се разбере континуитетот. Двајцата режисери работеа многу за да го извлечат секој поглед и секое движење низ глумата на актерот, на пример, ако тој сега треба да убие, тоа да му се гледа низ погледот во очите, истакна Рение, кој смета дека потребно е да се има доверба меѓу режисерите и актерите, и режисерот да знае што сака да постигне од актерот.

Кога избира сценарио, вели Јаник, сака да го прочита целото, не само делот каде што е неговата улога, затоа што не му е најважно само неговиот лик да е добар, а целиот филм да е досаден или нејасен за публиката.

-Ако сцената е добро напишана, мислам дека можам добро да ја одиграм, но ако оценам дека треба да се преработи, барам таа повторно да се разгледа. Важен е и кастингот, дали ќе функционирам добро со другите актери. Ризик е за актерот да правиш нешто што не го чувствуваш, така можеш да си наштетиш. Не е идејата само да снимаш филмови, еден по друг. Лично, не можам да работам со лоши чувства во мене, ако нешто во филмот ми побудува лоши чувства, смета Рение.

Филмот “Одразот на дијамантот” се снимал два и пол месеци, во Италија, Турција и Белгија, со буџет од околу три до четири милиони евра. За моменталната состојба во белгиската кинематографија, актерот смета дека е во своевидна темна фаза.

-Во моментот сме во опасност. Се наоѓаме во потешки времиња, општо, во областа на уметноста. Тешко е да се снимаат белгиски филмови без кофинансирање, но од друга страна, можеме да правиме добри филмови и со помалку пари, вели Јаник.

Пред белгискиот филм, публиката во дојранскиот амфитеатар вчеравечер можеше да го погледне и “Мртви корења”, и да поразговара со режисерот на филмот, Меглен Анжик Трпков.

-Есенцијата на приказната за Силјан Штркот е како мапа на мојата приказна. Јас живеам во Холандија, но сакам да се враќам тука, мојата мајка е тука. Тоа што многу ми фали во македонскиот филм е што нема многу магични филмови, го нема фантастичното, бајковитото во нив. На пример, филмот “Лена и Владимир” кој се прикажа на годинашниот фестивал е таков. Мислам дека тоа е задача на филмот, да те извади од реалноста и да те пренесе во друг свет, истакна Трпков, кој инаку е син на македонската актерка Синоличка Трпкова.

Денеска во рамките на програмата на фестивалот, се одржа и работилница за регулирање на авторските права на Катерина Антевска, посветена на унапредување на знаењата за заштитата на авторските права во современото опкружување. 

– Учесниците имаа можност да се запознаат со основните принципи на авторското право, правата и обврските на авторите на аудиовизуелните дела, значењето на договорите во филмската продукција, како и најчестите предизвици поврзани со користењето на делата. Посебен акцент беше ставен на заштитата на авторските права во дигиталната средина. Злоупотребите, механизмите за отстранување на нелегално објавени содржини и европските стандарди за заштита на креативците, вели Антовска.

Вечер на програма на фестивалот е македонскиот филм “Кома” кој ќе се прикаже од 21 часот во Амфитеатарот во Дојран, како дел од официјалната селекција. Филмот “Кома” ја споделува приказната за Африм и Кенан кои се среќаваат по многу години разделба и се сеќаваат на спомени од детството. Несреќата што го снаоѓа Африм го става Кенан во исклучително тешка положба. 

По долгометражниот филм, ќе бидат прикажани и два кратки македонски филмови – “Aнтигона” на режисерите Ибер Деари и Мирсад Абази и “Антипод” во режија на Бојан Секулоски.