Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Концерт на класична гитара со Коста Давчевски во КИЦ Белград

Македонскиот КИЦ во Белград и Министерството за култура и туризам, почнуваат со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот КИЦ во Белград и Министерството за култура и туризам, почнуваат со проект за поддршка на млади музички таленти кои учат, студираат или живеат во Србија. Еден од најталентираните, несомнено е младиот гитарист Коста Давчевски, кој во моментов е најнаградуван млад гитарист во Србија, а српската музичка критика веќе го нарекува млад виртуоз на гитара, информираат од КИЦ Белград.

Вечер во 20 часот тој ќе одржи концерт пред белгарадската публика насловен „Јулска нотна магија“, а ќе го најави директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

-Четиринаесетгодишниот Коста Давчевски е млад гитарист од Земун кој се издвојува како еден од најперспективните таленти на својата генерација. Основното музичко образование го завршил во музичкото училиште „Коста Манојловиќ“ во Земун во класата на професорот Милан Димитријевиќ, каде од 2025 година го продолжува образованието во средното музичко училиште, насока класична гитара. Во исто време учи и музичка продукција, велат од македонскиот КИЦ во Белград.

Реклама

Првите чекори на гитара ги започнал преку приватни часови кај професорот Драган Димитријевиќ, уште на 6-годишна возраст. Во текот на своето образование, постигнал значителен успех на бројни домашни и меѓународни натпревари, каде што освоил бројни први награди и лауреатски признанија. Настапувал на престижни фестивали како што се Guitar Art Fest во Белград, Vojvodina Guitar Fest во Нови Сад, Naissus Guitar Fest во Ниш и Danubia Talents International Music Competition во Будимпешта, International Guitar Competition во Бугарија, како и на многу меѓународни и светски онлајн натпревари. 

Покрај своите натпреварувачки успеси, Давчевски развива и активна концертна активност. На тринаесетгодишна возраст, веќе го одржува својот прв солистички концерт, по што настапува во Србија и регионот, вклучувајќи концерти во Народниот музеј на Србија во Белград, Скопје, Охрид, Ќустендил и Заечар. Неговите настапи често се дел од културни и уметнички настани, а посебно место во неговата музичка активност се учества на бројни хуманитарни концерти. 

Со својот музички сензибилитет, самоуверен сценски настап и посветеност на инструментот, Коста Давчевски, уште во раните фази од својот уметнички развој, покажува потенцијал за значајна концертна кариера.