Реклама

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Македонија

ПОДЕМ одбележа 18 години постоење

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) денес свечено го одбележа 18-годишниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) денес свечено го одбележа 18-годишниот јубилеј од своето основање, под мотото „Искуство. Визија. Одговорност.“, во присуство на основачите, членовите, претседателите на општинските организации, коалициските партнери и бројни гости, пишува во денешното соопштение.

Во своето обраќање, претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р Живко Јанкулоски, истакна дека изминатите осумнаесет години претставуваат период во кој ПОДЕМ изгради препознатлив политички идентитет, заснован врз знаење, чесност, умереност и одговорност.

„ПОДЕМ никогаш не беше формиран само како политичка партија, туку како идеја дека Македонија може да се развива преку стручност, визија и посветена работа. Денес сме горди што таа идеја продолжува да живее и да се развива“, истакна Јанкулоски.

Реклама

Тој нагласи дека ПОДЕМ денес е активен партнер во владејачката коалиција и дека неговите кадри придонесуваат во креирањето на економските политики, развојот на конкурентното земјоделство, јакнењето на локалната самоуправа и унапредувањето на институционалниот капацитет на државата.

Во своето обраќање, претседателот на ПОДЕМ се осврна и на идните приоритети на партијата, најавувајќи дека претстојниот Петти конгрес ќе отвори ново поглавје во нејзиниот развој, со фокус на организациско зајакнување, нови политики и понатамошно меѓународно позиционирање во европскиот политички простор.

На присутните им се обрати и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој го честиташе значајниот јубилеј и ја истакна улогата на ПОДЕМ како стабилен и доверлив коалициски партнер. Тој нагласи дека заедничката определба за реформи, економски развој, силни институции и подобар животен стандард останува основа на партнерството и во периодот што следува.

Свеченоста заврши со роденденска здравица и коктел, а од ПОДЕМ порачаа дека и во иднина ќе останат доследни на својата програмска определба – да придонесуваат за развојот на Македонија преку одговорни политики, стручност и работа во интерес на граѓаните.