Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Собраниска „виза“ за годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади без забелешки го усвои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади без забелешки го усвои годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година.

Пред членовите на Комисијата, Пранвера Сума, членка на Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и истакна дека Агенцијата како независно регулаторно тело, во минатата година обезбеди стабилен, сигурен и транспарентен систем на капиталното финансирано пензиско осигурување преку континуирана супервизија на пензиските друштва и пензиските фондови, заштита на интересите на членовите и пензиските друштва, како и создавање на услови за понатамошен развој на вториот и третиот столб.

-Минатата година за нас беше година на институционално јакнење, модернизација и понатамошно унапредување на регулаторната функција на Агенцијата. Во услови на постојани промени на финансиските пазари и предизвици пред пензиските системи, нашите активности беа насочени кон понатамошно јакнење на супервизорските механизами, унапредување на управувањето со ризици и други активности. Показателите за развојот на системот се охрабрувачки бидејќи на крајот од 2025 година под супервизија на Мапас беа 630396 членови на задолжителните пензиски фондови и 35.954 членови во третиот столб, односно доброволни членови во пензиските фондови, а вкупната вредност на средствата во сите пензиски фондови надмина 3,14 милијарди евра. Овие бројки, рече Сума се потврда за тоа дека системот континуирано расте, средствата на осигурениците се зголемуваат и капоталното финансисрано пензиско осигурување претставува се позначаен сегмент во пензискиот систем на земјата.

Реклама

Членката на Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување Пранвера Сума, пред членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, истакна дека во 2025 година организирале пет испитни сесии за полагање стручен испит за агенти затоа што како што рече, агентите се првата точка на контакт меѓу пензиските друштва и идните членови на пензиските фондови.

-Во минатата година значително внимание посветивме на финансиската писменост и пензиска свесност кај граѓаните. Искуствата на развиените пензиски системи покажуваат дека стабилен и успешен пензиски систем не зависи само од регулативата туку и од информираноста на граѓаните за нивните права, обврски и можности. Токму затоа една од нашите стратешки одредби беше доближување на капиталното финансирано пензиско осигурување со јавноста преку навремени, точни и разбирливи информации. Во таа смисла беше организирана сеопфатна информативна кампања со активности насочени кон различни целни групи, едукативни настапи во средни училишта, високобразовни институции, медиумски настапи со цел граѓаните полесно да ги разберат придобивките и функционирањето на системот, нагласи Сума.

Членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади заклучија да му предложат на Собранието да го усвои годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година, а заклучокот ќе го достават и до Владата.