Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Димитриевски: ЗНАМ на граѓаните ќе им понуди подобар живот, просперитет и раст на економијата

ЗНАМ планира во следниот период на делување да им понуди на граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЗНАМ планира во следниот период на делување да им понуди на граѓаните се, со цел да дојдеме во состојба на подобар живот, поголем просперитет, раст на економијата, изедначеност на граѓаните и тоа што го ветивме во изборниот период, а тоа е самоодржлива држава, истакна Максим Димитриевски, претседател на Движење ЗНАМ за наша Македонија.

На панел дискусија во Битола, лидерот на ЗНАМ Димитриевски посочи дека во Македонија е момент и период кој што треба да се работи за граѓаните дополнително почувствуваат одреден бенефит од оваа власт.

-Караванот на ЗНАМ за Европска Македонија и европска иднина, денеска е во Битола, градот на конзулите, градот извор на македонската култура. Заедно со мојот тим ќе ја претставам програмата на Движење ЗНАМ за наша Македонија. Со граѓаните на Битола ќе разговараме многу отворено, многу директно, искрено на сите теми. Сакаме да ги слушнеме граѓаните, но и да дадеме отчет и одговор за нашата партиципација во власта како коалициски партнер во изминатите две години. Пред јавноста ќе елаборираме што сме сработиле во изминатите две години и што се ЗНАМ планира во следниот период на делување да им понуди на граѓаните и се со цел да дојдеме во состојба на подобар живот, поголем просперитет, раст на економијата, изедначеност на граѓаните и тоа што го ветивме во изборниот период – тоа е самоодржлива држава, нагласи Димитриевски.

Реклама

Во пресрет на собраниската седница за избор на нови владини министри, Димитриевски истакна дека ЗНАМ добиле Министерство кое им овозможува работа на терен и директни средби со граѓаните.

-ЗНАМ во изминатите две години се концентрираше на ресорот јавна и државна администрација и правда, затоа што тоа беше многу битно прашање за граѓаните. Нашиот процес во Министерството за правда е затворен со изготвување на над 36 закони и бидејќи управувавме со бирократски министерства, сметавме дека ЗНАМ треба да се спушти директно на терен и работа со граѓаните и затоа го побаравме ресорот земјоделие. Со претстојната реконструкција ЗНАМ излегува поголем бидејќи добиваме дополнителна одговорност во уште едно министерство со заменик министер кој ќе го обелодениме во месец септември, нагласи Димитриевски.

Во изјава за медиумите, лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски истакна дека во Македонија сега е време да се почувствува бенефитот од власта, иако, како што рече, како нов политички субјект секогаш се подготвени за предвремени или редовни парламентарни избори.

-Ние како нов политички субјект секогаш сме подготвени да излеземе на избори, а дали тие ќе бидат предвремени или редовни, тоа не зависи директно од нас бидејќи во работењето на парламентот партиципираме со некаде 5 проценти од вкупниот број на пратеници, но ЗНАМ секогаш е подготвен за избори и ги гледаме како нов пртедизвик и тоа е најдобар начин за контрола пред гласачите и што ние имаме испорачано кон нив. А, тоа дали во Македонија е момент за избори, јас сметам дека во Македонија е момент и период кој што треба да се работи за граѓаните дополнително почувствуваат одреден бенефит од оваа власт, посочи Димитриевски.

На панел дискусијата на ЗНАМ – „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“ отчет за сработеното и плановите за иднина ги соопштија претставниците на највиското раководство на Движење ЗНАМ за наша Македонија.