Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДСМ се обидува да шири паника, но бројките ги демантираат

СДСM секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, но официјалните податоци повторно ги демантираат нивните тврдења – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во регионот. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални факти.

Уште поважно, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите што најдиректно влијаат врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.

Реклама

Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за јуни.

Македонија – 3,4%

Словенија – 3,6%

Грција – 3,9%

Хрватска – 4,5%

Бугарија – 5,6%

Турција – 32,1%

Ова се бројки што не можат да се сокријат ниту да се релативизираат.

Додека СДСM се обидуваат да градат дневна политика врз измислени кризи и ширење паника, Владата работи со конкретни мерки што даваат резултати.

Намалената инфлација е директен доказ дека економските политики се правилно поставени и дека се води одговорна грижа за стандардот на граѓаните.

Наместо манипулации и лажни сценарија од СДСM јавноста заслужува мерки и проекти. А фактите се јасни, Македонија денес има една од најстабилните ценовни политики во регионот и најниска инфлација меѓу соседните земји што ги објавија податоците за јуни. 

Владата ќе продолжи со одговорни економски политики, стабилни јавни финансии и мерки што носат резултати, без разлика на обидите тие резултати да бидат оспорени од оние што немаат што да понудат освен дезинформации.