Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Интернационална премиера на иранскиот филм “Kоцкарот” вечерва на програмата на „Преку езерото“

Со интернационална премиера на филмот “Kоцкарот” во режија на Мохсен Бахари од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со интернационална премиера на филмот “Kоцкарот” во режија на Мохсен Бахари од Иран, вечерва од 21 часот во амфитеатарот во Дојран, продолжува официјалната селекција на филмскиот фестивал “Преку езерото”.

Половина час порано, публиката ќе може да го проследи филмот “ТЛСМ” во режија на Филип Момировски. По иранскиот филм, од 22 часот на истата локација, следат уште два македонски филмови од краткометражната селекција – “Остров” на Бранко Костески и “Избор” на Марко Црногорски.

На вчерашното свечено отворање на петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм “Преку езерото”, Советот на фестивалот му ја додели на актерот Тони Наумовски единствената награда за високо актерско остварување – „Мето Јовановски“.

Реклама

– Тони Наумовски е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината балканци кои во Њујорк имаат своја кариера во театар, на филм и телевизија. За оние наши колеги актери, кои имаат неотуѓива актерска работа во државни театари, тука во татковината, тоа што актерот го живее таму, во рајскиот голем град, не може да се раскаже, треба да се одживее, да се преживее и да се живее, секој ден, секоја секунда и секој здив со кој се дише животот и прима духот на слободата за да се прави тоа што се мечтае со отворени очи. Или да се одигра на филм, рече на отворањето Јани Бојаџи, директор на фестивалот „Преку езерото“.

Тони Наумовски е актер, истакна Бојаџи, кој во уметноста на филмот е почеток и крајот на патувањето кое сакаме никогаш да не заврши.


-Тој е актер кој е едноставната потврда на едноставниот актерски и човечки свет во кој соништата се остваруваат. Бескрајно му благодариме за сите овие соништа и за сите патишта на сите актери во светот на уметноста на филмот. Добро дојде дома. Добродојде во светот на вљубениците на сликите што се движат преку океанот, преку морето и на крајот и преку езерото, рече Бојаџи.

Публиката во Амфитеатарот во Дојран со силен аплауз го поздрави лауреатот, а Наумовски во својата емотивна изјава, заблагодарувајќи му се на Бога, истакна дека е благодарен пред се што е човек.

– Благодарен сум што сум жив и здрав, што можам да го правам она што го сакам, што сум актер и што служам на нешто повисоко од сите мои амбиции, односно на уметноста, истакна Наумовски, додавајќи дека е благодарен на сите присутни што се тука, за љубовта, поддршката и разбирањето.


Наградата на Наумовски му ја врачи градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, кој им посака добредојде на присутните и го прогласи фестивалот за отворен.

-Езерото отсекогаш било повеќе од природна граница. Тоа е место на средби, размена на идеи, култури и пријателства. Токму таа симболика ја носи овој фестивал, истакна градоначалникот Тентов во своето обраќање.

Мими Ѓоргоска Илиевска, претседателка на Советот на фестивалот истакна дека за неа посебно значење има фактот што годинава „Преку езерото“ за првпат се одржува во три града – Дојран, Струмица и Гевгелија и со тоа фестивалот ја проширува својата мисија, преку моќта на подвижните слики да ја доближува магијата на седмата уметност до пошироката публика.


– Она што пред неколку години започна како визија и посветеност, денес е препознатлив културен настан кој ги поврзува балканските и медитеранските кинематографии и создава простор за филмска размена, културен дијалог и нови соработки, рече во своето обраќање Ѓоргоска – Илиевска.

Вчеравечер, публиката го погледна краткиот филм „Вошки“, поддржан од работилницата за развој и продукција на дипломски и дебитантски краток филм „Нови бранови“ и се запозна со режисерката Розе Симоновска и останатите членови од екипата на филмот, а потоа следуваше проекција на „Држи се за мене“ од официјалната селекција и концерт на групата „Пеперминт“.
Програмата на фестивалот продолжува и во наредните денови, се до среда кога се затвора со проекција на српскиот филм “Кармадона”, во режија на Александар Радивојевиќ.