Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Прпоски: Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ е во тек, во комуникација сме со НТБС

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски.

Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТБС) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста.

Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген вчера се врати во Солун кратко по полетувањето откако за време на летот се откачи прозорец до патник – соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот, во кој полесно бил повреден еден од патниците. 

Реклама

Од авиокомпанијата посочија дека авионот регуларно слетал во Солун и патниците биле вратени во терминалната зграда.

– Еден патник побара и доби медицинска помош по слетувањето во Солун. Со цел да се минимизира доцнењето, беше обезбеден заменски авион за превоз на патниците до Меминген, кој утрово полета од Солун во 9.35 часот по локално време – пишува во вчерашното соопштение на „Рајанер“, што го објавија грчките медиуми.

Медиумите во Солун, како што јави од Атина, повикувајќи се на сведоштвата на патниците, вчера објавија дека веднаш по полетувањето, веројатно додека авионот летал над Скопје, се слушнал силен звук по што се скршил еден прозорец, а патникот на седиштето до прозорецот, поради наглата декомпресија, бил во опасност да излета од авионот и со помош на неговите сопатници бил задржан и спасен.

Меѓу патниците настанала паника, пилотот, според сведоштвата, останал присебен, ги смирил патниците и го вратил авионот на солунскиот аеродром. Некои од медиумите објавија дека причината за скршениот прозорец бил проблем со моторот, дел се откачил и удрил во прозорецот, нешто што воопшто не е споменато во соопштението на авиокомпанијата. Солунските медиуми објавија дека повреден е турист на 60-ина години и веројатно станува збор за српски државјанин.