Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост, посочувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека од опозициските партии очекуваат текст со предлози за кои вели дека бланко ќе бидат прифатени. Коментирајќи го предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче да се формира експертска група за Изборниот законик и за гласањето на дијаспората, Мицкоски вели дека според неговото искуство и во животот и во политиката ако сакате некоја работа да не се заврши тогаш формирајте група или комисија и тогаш работата нема да добие таков тек како што треба да добие.

– Претпоставувам, таа е целта на СДСМ. Тие четири месеци работеа во Парламентот, се договараа, преговараа и наеднаш кога сфатија дека треба да сработат нешто тогаш заедно со другата политичка партија во опозиција Левица одлучија да го блокираат овој процес под изговор да не им е дозволело на дијаспората да гласа, затоа што на тој начин ќе биле украдени изборите. Што во превод значи дека тие се свесни дека на следните парламентарни избори тие ќе доживеат уште еден изборен дебакл, ќе ги загубат, и следната Влада која што ќе биде повторно истата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подготвува претседателските избори коишто ќе се случат во 2029 година и тие се исплашени дека таа Влада има можност да ги украде тие претседателски избори. Тоа значи дека Фројд работи кај нив, односно нивната потсвест, како што и тие правеле, мислат дека и ние така правиме, рече Мицкоски, кој беше во посета на Охрид. 

Потсети дека актуелната Влада веќе организирала локални избори кои поминаа во скандинавски тек, што се гледало и по бројот на поплаки.

Реклама

– Треба да бидат искрени кон граѓаните и кон нивните поддржувачи дека овие се изговори се за да се избега од вистината и реалноста, да избегаат од изборите и на тој начин го покажуваат својот губитнички менталитет. Ние имавме јасен став – вие во опозицијата донесете експерти, правете што ќе правите, донесете текст во којшто ќе биде вклучена и методологија како би гласала дијаспората поинтензивно, ние без да го проверуваме веднаш ќе го поддржиме. Ни тоа не го направија. Камо ли ние кога бевме во опозиција да имавме ваква Влада која ќе ни оставаше бланко простор за да можеме да поднесуваме решенија – рече Мицкоски.