Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Над 200 прекршоци за брзо возење само во раните утрински часови евидентирани од ПС Гевгелија за време на летната сезона

Намалување на бројот на сообраќајни несреќи во однос на лани, наплив на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалување на бројот на сообраќајни несреќи во однос на лани, наплив на прекршоци за возење со енормни брзини по автопат во летниот период, но и зголемена свест кај возачите за возење под дејство на алкохол, покажале податоците од јануари до сега со кои располага полициската станица со општа надлежност во Гевгелија.

Според информацијата за безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Гевгелија, презентирана на денешната седница на Советот на Општината, освен намалување на бројот на сообраќајни незгоди, се бележи намалување и во однос на последиците од тие несреќи.

-За периодот од јануари до јуни, вкупно се евидентирани 49 сообраќајни незгоди наспроти 79 лани во тој период. Се бележи и намалување во однос на последиците од тие несреќи. На автопат оваа година во однос на лани ни се намалени сообраќајните несреќи, бидејќи зачестено е нашето присуство, особено во летните месеци, за време на туристичката сезона и го покриваме подрачјето во раните утрински часови, кадешто претходните години имаше сообраќајни незгоди поради замор кој е најчеста причина или како го викаме ние, тоа е најтивкиот убиец, соопшти претставник на полициската станица со општа надлежност во Гевгелија.

Реклама

Според овластеното лице, за разлика од лани, до сега на подрачјето на Општина Гевгелија немало ниту една сообраќајна несреќа поради замор кај возачите, што според надлежните е резултат на нивното присуство на автопатот А1. 

-Покритичниот дел ни е од клучката Миравци, кон ГП Богородица, кога сите брзаат кон Република Грција за одмор. Како и секоја година така и оваа имавме кампањи со порака “Вози одморен, за безбедно лето”, со цел да ги потсетиме возачите да прават почести паузи, особено кога се екстремно високи температурите, информираа од ПС Гевгелија.

Оттаму велат дека најкритичен е периодот во утринските часови, од 5 до 8, кога и тие се присутни на теренот. И покрај тоа што има сејф сити, надлежните велат дека возачите ги знаат точките на Коридорот 10 каде што има камери, додека полицијата патролира на места каде што не се снима.

-Во летниот период имаме енормни брзини на возење на автопатот каде се управува со брзина од повеќе од 200 километри на час. Од јуни навака, секој втор ден имаме случаи странец да го сторил делото, па се поднесува кривична пријава во итна постапка. Тоа ни е зачестена појава. Интересно е што туристите се изненадени и не не очекуваат во раните утрински часови. Завчера, на пример, до 5.30 наутро имавме  222 прекршоци за брзо возење, додаваат од ПС Гевгелија.

Податоците од извештајот презентиран пред советниците покажуваат и дека за 2/3 е намален бројот на сообраќајни несреќи со причина алкохол во однос на лани во јуни, односно за разлика од минатата година кога имало 18 незгоди, оваа година се евидентирани само 6.

– Од потешките прекршоци најзастапен ни е прекршокот брзина, а алкохолот ни е веќе на четврто место. Сето тоа е резултат на новите измени во Кривичниот законик, каде што управување со возило со над 1,50 промили алкохол во крвта веќе е кривично дело. Исто така, можеме да видиме дека навечер кога поминуваме во контрола на сообраќајот повеќе возат жени отколку мажи, фактички жените си ги возат мажите и тоа е за поздравување, што значи дека свеста е подигната кај возачите, соопштија од полициската станица со општа надлежност во Гевгелија.