Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Македонија

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Сребреница претставува траен и темен печат врз совеста на целото човештво –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сребреница претставува траен и темен печат врз совеста на целото човештво – нагласи претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во законодавниот дом.

Тој потсети дека 11 јули 1995 година е злогласен датум кога беа убиени речиси 8.000 бошњачки муслимани, чија единствена вина била нивната етничка и верска припадност.

– Тоа утро згаснаа илјадници животи и засекогаш се промени судбината на уште илјадници други. Сребреница остана запаметена како едно од најстрашните злосторства против човештвото, како најголемиот неуспех на човечноста – нагласи Гаши.

Реклама
null

Претседателот на Собранието истакна дека одбележувањето вакви трагедии не смее да остане само церемонија, туку мора да биде повик за размислување, правда и морална одговорност.

– Нашата институционална и морална обврска е да ги паметиме и да им оддадеме почит на жртвите од Сребреница бидејќи споменот за нив е повик до сите нас – додаде Гаши.

Професорот Ферид Мухиќ, пак, нагласи дека „геноцидот не се случи, туку геноцидот се направи“. Според него, Сребреница не е изолиран настан, туку дел од поширок проект, кој бил планиран и организиран со цел истребување на бошњачките муслимани.

 – Геноцидот не е несреќа како земјотрес или пожар. Тој е организиран, извршен и поддржан проект – истакна Мухиќ додавајќи дека секое негирање на геноцидот претставува обид да се избрише стигмата од сторителите.

null

Во своето обраќање професорот се осврна и на прашањето за простувањето нагласувајќи дека тоа не може да биде тема без признавање на злосторот.

 – Нема простување затоа што убиените не може да простат. Роднините немаат право да простат за туѓа загуба – потенцира Мухиќ додавајќи дека единствено сеќавањето и заемното почитување може да бидат основа за заеднички живот.

Тој порача дека иднината мора да се гради врз хуманистички вредности, разбирање и сочувство, со цел Балканот повторно да биде пример на цивилизациска традиција.

– Да се живее заедно не значи да се заборави, туку да се почитува и да се извлече поука. Само така може да се спречи повторувањеро злосторства – заклучи Мухиќ.

Претседател на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот, порача дека Сребреница е симбол на најголемото страдање во Европа по Втората светска војна.

Хот истакна дека злосторството од јули 1995 година е утврдено со факти, докази и пресуди на меѓународните судови нагласувајќи дека „сеќавањето на Сребреница не е обврска само на преживеаните, туку на секој граѓанин кој верува дека секој човечки живот има еднаква вредност“.

Тој предупреди дека негирањето на геноцидот претставува нова болка за жртвите и нивните семејства и рушење на темелите на меѓународното право.

 – Негирањето создава простор слични злосторства да се повторат. Затоа борбата против негирањето не е политичко прашање, туку цивилизациска обврска – рече Хот.

Во своето обраќање тој истакна дека културата на сеќавање мора да биде присутна во образованието, науката, уметноста и јавните расправи, за младите генерации да ја разберат вредноста на мирот.

null

Според претседателот на Комисијата за односи меѓу заедниците, Аднан Ази, Сребреница не почна со куршуми, туку со зборови, молкот пред навредите и пропагандата бил првиот чекор кон трагедијата, а отфрлањето на геноцидот претставува „продолжување на злосторот со други средства“.

Потсети дека во Сребреница беа убиени повеќе од 8.000 луѓе, секој со име и лична приказна, и дека „геноцидот не уби бројки, туку луѓе“.

– Секој човечки живот е свет. Во Сребреница не се уби само еден народ, таму се уби целото човештво – рече Ази додавајќи дека најголемата обврска на институциите и општеството е да се спротивстават на идеите и мотивите што носат до вакви трагедии.

Претседателот на Комисијата истакна дека Сребреница е потврден геноцид со судски одлуки и дека неприфаќањето на таа вистина е удар врз жртвите и врз меѓународното право. 

На свеченоста присуствуваа амбасадори, пратеници и поранешни пратеници, претставници на верски заедници и политички партии, како и академската јавност